Како изгледаат современите типски дворови во Русија?

@makrich69, @aero_danik
Од двор со џиновско детско игралиште до руски матрјошки. Како изгледаат дворовите кон кои се свртени прозорците на становите во новите станбени блокови во Русија?

Кога зборуваме за тоа каде и во какви куќи за домување живеат повеќето луѓе во Русија, доминантна тенденција се високите згради со голем број станови и станари во населбите познати како „спални“. И додека поголемиот дел од населението порано живееше во советските четирикатници, познати и како „хрушчовки“, сега предност првенствено им се дава на големите модерни станбени згради. Ги нарекуваат и „человејники“ (од зборовите человек (човек) и муравейник (мравјалник). За живот во такви згради луѓето се одлучуваат почесто отколку во посебни приватни куќи (а зошто е тоа така објаснивмеовде).

Жителите на Русија неодамна решија да ги покажат своите дворови на „Твитер“, и еве како изгледа тоа. Спојлер: многу се различни!

Град Долгопрудни, станбен блок „Московски водники”

Градот е оддалечен само 18 километри од Москва, а овој двор се наоѓа на брегот на реката Кљазма.  

Новосибирск, станбен комплекс „Матрјошкин двор”

Жителката на зградата декорирана со руски матрјошки Јулија Ивкина вели дека во секој двор има паркинзи со видеонадзор до кој секој може да пристапи преку апликација. Камерите се поставени на влезот и во лифтовите.

Двор во Сургут

Геленџик, станбен блок „Лазурни 2“

Одморалиште на брегот на Црното море, а овој двор е само 500 метри од брегот.

Санкт Петербург, станбен блок „Јас сум романтичар“

Сепак, како што признаваат жителите на овој двор, местото не е баш најромантично.

Иако локацијата на новоградбата во проектот изгледаше атрактивно, станбениот блок се наоѓа директно на брегот на Финскиот залив, на вештачки формирана територија.

Москва, „Некрасовка - парк”

Ова џиновско детско игралиште веќе стана мем. Толку е големо што децата таму можат да се делат на банди и да ги контролираат реоните. Изградено е за три квартови солитери од по 16 ката.

Нова Москва, станбен блок „Шпански квартови“

Двор во Хабаровск

Двор во Барнаул

Во Сибир со карактеристичните долги и сурови зими живите бои на куќите и инфраструктурата се вообичаена пракса.

Новосибирск, станбен блок „Лето”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња