Шефот на руската држава го раскажа тоа на големата конференција за новинарите што ја пренесува YouTube каналот на агенцијата ТАСС.
Путин рече дека оди во Сибир уште од 2000-тите и дека тоа е важен дел од неговиот живот. „Ете, ме прашавте каде би сакал да живеам. Ми се допаѓа Сибир. Тоа е уникатен екосистем и луѓето се уникатни. Сибирците се златниот фонд на Русија според своите вредности и моралните квалитети. Ги има разни, но јас зборувам во целина“, рече рускиот претседател.
На конференцијата за новинарите Путин го избегна одговорот на прашањето во кој град на Русија покрај Москва и Санкт Петербург би сакал да живее. Претседател не сфати зошто од можниот избор се исклучени двата града и истакна дека Петербург е неговиот роден град и затоа пред сé помислил на него.
Путин истовремено истакна дека во Русија се развиваат и големите и малите градови, но дека на малите треба да им се посвети особено внимание. Рускиот лидер особено го нагласи високото темпо на развој на Краснодар, Крим и Казањ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче