Погледнете ги познатите Руси по трансформацијата во дрег кралици! (ФОТО)

Russia Beyond / YassifyBot
Кога фотографиите на познатите Руси ќе поминат низ неколку фотофилтри, се добиваат неочекувани резултати. Александар Пушкин станува ѕвезда на Кеј-поп сцената, Достоевски потсетува на Лив Тајлер, а Ленин на некоја фатална жена. И тоа не е сé што откривме откако фотографиите на познатите Руси ги поминавме низ „yassify bot“.

На 13 ноември на „Твитер“ се појави профилот Yassify Bot, чиј автор до непрепознатливост обработува фотографии на славни личности, како и ликови од популарни филмови и видео-игри, преку мобилната апликација FaceApp која e, да го споменеме и тоа, направена во Русија.

Авторот на каналот им нанесува шминка на лицата, а исто така им го менува и полот. Така, од Брус Висил и Исус Христос создава модели на „Инстаграм“. За помалку од еден месец авторот на сметката собра над 157 илјади следбеници, а на интернет почнаа да се користат термините „јасификација“ и „да јасифицираш“ (yassification и to yassify) во смисла „да се направи поатрактивна верзија на себеси“.

Каналот не ги заобиколи ниту руските ѕвезди.

Вака, на пример, изгледа рускиот поп-пејач Филип Киркоров после филтерот.

И ние решивме да обработиме неколку портрети и фотографии на руски познати личности.

Поетот Александар Пушкин по FaceApp изгледа како Кеј-поп пејачка.

На хокеарот Александар Овечкин добро му прилега црвен кармин.

Писателот Фјодор Михајлович Достоевски во женски облик потсетува на Лив Тајлер.

А Ленин е фатална убавица.

На Николај Гогољ му прилега и женски лик, дури и со мустачиња.

Познатата манекенка Наталија Водјанова преку „Фејсап“ доби многу квалитетна шминка.

Тенисерката Марија Шарапова сигурно ќе ги кршеше женските срца доколку се родеше како маж.

Манекенката Ирина Шајк како машко би можела да глуми во турска серија.

„Девојчето со праски“ на Валентин Серов со помош на „Фејсап“ сигурно би собрала многу лајкови на „Инстаграм“.

Како и Автопортретот на Зинаида Серебрјакова.

А Хабиб Нурмагомедов е убав и силен во секој облик. Но, нема да ви го покажеме. Затоа што преку Yassify bot веќе се појави фотографија на Хабиб. А потоа исчезна. Не знаеме зошто, но нема да ризикуваме.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња