Сенаторот од редовите на Демократската партија Чак Шумер ги повика ФБИ и Сојузната комисија за трговија да спроведат истрага.
„Виралната апликација за паметни телефони бара комплетен и неповратен пристап до лични фотографии и податоци, што може да предизвика ризик за националната безбедност и приватноста на милиони американски државјани“, пишува Шумер во писмото до директорот на ФБИ и претседателот на Федералната комисија за трговија (FTC).
Поради сето ова, креаторите на апликацијата одлучија денес да се јават и да одговорат на најголемите грижи на корисниците, со тоа што велат:
1. Најголем дел од обработката на фотографиите FaceApp го прави во облак. Закачуваме само фотографија што ја избрал корисникот. Никогаш не префрлуваме други фотографии.
2. Повеќето слики се бришат од нашите сервери во рок од 48 часа по закачувањето.
3. Ги прифаќаме сите барања за бришење на податоци од нашите сервери. Нашиот тим за поддршка моментално е претрупан со работа, но тие барања се приоритет.
4. Сите функции на апликацијата се достапни без логирање. Поради тоа, 99% од корисниците не се логираат на FaceApp и ние немаме податоци со кои би можеле да идентификуваме личност.
5. Податоците на корисниците не ги споделуваме и не ги продаваме на трети лица.
6. Иако нашиот тим за развој и истражувања е во Русија, податоците на корисниците не се испраќаат до оваа земја.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче