„Гринпис“ објави фотографии на „остарена“ Русија

Hollyrik Photography/Greenpeace
Санкт Петербург, Арктикот и Бајкалското Езеро видени преку филтер за стареење изгледаат во најмала рака морничаво.

Руската филијала на „Гринпис“ заедно со дигиталната агенција Isobar Moscow започнаа социјална кампања со помош на популарната апликација FaceApp со која може да се остарат лица на фотографии.

Целта на „Гринпис“ е да покаже како Русија може да изгледа во годините што доаѓаат ако не поработи на подобрување на еколошката ситуација на планетата.

На пример, во блиска иднина, Бајкалското Езеро - најголемото езеро на светот, може да пресуши.

На Санкт Петербург му се заканува поплава која ќе ги потопи архитектонските споменици.

Мразот на Арктикот мoже целосно да се стопи. Според „Гринпис“, ќе настрадаат не само луѓето, туку и животните.

„Научниците одамна се согласија дека човечката активност е виновна за денешните климатски промени. Човештвото гори јаглен, нафта и гас, што доведува до емисии на штетни гасови. Со овие неконтролирани емисии ја претворивме нашата атмосфера во депонија“, вели Полина Каркина, координатор за клима и енергија на „Гринпис Русија“.

Според неа, „Ние треба да го шириме зборот дека човештвото е на работ на катастрофа. А промените можат да дојдат само ако престанеме да се однесуваме како да ќе нема утре“.

Прочитајте повеќе: Швајцарски научници: До 2050 година Москва потопла за 5,5, Скопје за 6,9 степени Целзиусови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња