„Мистична“ магла во Москва ги освои социјалните мрежи (ФОТО, ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во понеделникот вечерта жителите на Москва и Подмосковјето масовно објавуваа на социјалните мрежи фотографии од маглата која го покри регионот на главниот град.

На снимките скриени во маглата се појавуваат реката Москва, облакодерите на деловниот центар и неколку големи паркови. Московјаните истакнуваат дека видливоста на патиштата е значително намалена, а во комбинација со уличното осветлување маглата предизвикува специфичен ефект.

„Мистика“, „хорор-филм“ – така граѓаните ги коментираат фотографиите. И истакнуваат дека одамна не виделе во градот толку густа магла.  

Според прогнозата на метеоролозите, маглата во Москва ќе се крене дури на 2 ноември во претпладневните часови. Дотогаш видливоста на патиштата нема да биде поголема од 200-700 метри. На возачите и пешаците им се препорачува претпазливост.

На сите три московски аеродроми - Внуково, Домодедово и Шереметјево – утринава поради магла беа одложени или откажани повеќе од сто летови.