Според информациите од 8 часот и 30 минути по московско време, на аеродромот Внуково беа одложени 20, а откажани 5 летови. На аеродромот Домодедово беа одложени 29 летови, а откажани 15. Аеродромот Шереметјево бележи 35 одложени и 15 откажани летови, пренесуваат руските медиуми.
Сообраќајната полиција поради маглата им препорачува на возачите да се откажат од патување со своите автомобили. Како што се наведува, на патиштата во главниот град значително е отежната видливоста поради маглата. Во соопштението им се укажува на возачите дека денеска е најдобро да се откажат од возење на своите автомобили, а на пешаците да бидат позабележливи во облека со светли бои.
Ако веќе мора да се седне зад воланот, сообраќајната полиција препорачува да се држи зголемено растојание, да се води сметка за страничното растојание и да се користат магленки. Инаку, според прогнозите на синоптичарите, во рускиот главен град денеска ќе биде облачно со повремено разведрување, без врнежи, а во првата половина на денот наместа со густа магла. Температурата ќе се движи меѓу пет и седум степени.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче