Руски лекари извршија уште една операција за отстранување на младежот од лицето на Американката Луна Фенер, изјавија за новинската агенција ТАСС од Краснодарската клиника за ласерска фотодинамичка терапија.
Направено е пресадување на кожа на челото и очните капаци, изјави директорот на клиниката Андреј Алксуткин, истакувајќи дека заздравувањето ќе трае неколку недели. Во моментов Луна се наоѓа дома. Ова е веројатно последна операција за отстранување на младежот, истакна лекарот. Тој рече и дека дури по зараснувањето ќе биде јасно дали ќе бидат потребни дополнителни интервенции.
Првата операција онколозите ја извршија во октомври 2019 година, кога девојчето од Америка имаше само шест месеци.
Луна Фенер го доби прекарот „девојчето со маската на Бетмен“ поради реткиот огромен младеж на лицето со кое е родена. Ваков белег се среќава кај едно од дваесет илјади новороденчиња и со текот на времето може да се развие во агресивен облик на рак на кожата.
Американските лекари не го прифатија лекувањето на пациентката. За покривање на трошоците за лекување, родителите на Луна почнаа да собираат средства на краудфандинг платформата GoFundMe.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче