Во текот на првата операција лекарот гo отстранил младежот, а во текот на втората се потрудил околу мекоста на кожата на Луна и се позанимавал со нејзината текстура. Исто така, обрнал внимание и на пределот околу очите, објасни Керол Фенер, мајката на Луна.
Како што наведе таа, засега не може да зборува за конкретни резултати, бидејќи завојот сè уште не е отстранет од челото на Луна, а за конечните ефекти ќе може да се зборува по половина година. Сепак, таа успеала да види делче од оперираната кожа што бил под завојот.
„Видов мало бело делче, се надеваме дека зараснувањето ќе помине добро. Лекарите сега мораат да направат пауза во лекувањето“, рече Керол, откривајќи дека лекарите откриле на нозете на Луна неколку многу опасни младежи кои ќе мораат редовно да се отстрануваат.
Следниот месец мајката и ќерката ќе се вратат дома на Флорида за да се видат со таткото и ќе останат таму сѐ додека не помине зимата, а потоа ќе се вратат во Краснодар за уште шест месеци.
Шестмесечната Луна е родена со флека преку целото лице, образите, носот, челото и очните капаци. Американските лекари предлагаа да се почека со лекувањето, бидејќи традиционалните методи на интервенција подразбираат тотална анестезија, така што постои ризик дека детето можеби нема да може да ја поднесе. Покрај тоа, во наредните година или две младежот би можел да прерасне во меланом. Лекарите во САД предлагаа петгодишен третман за време на кој би биле изведени 80 операции. Традиционалните методи подразбираат отстранување на младежот фазно, со скалпел под целосна анестезија, а на негово место се става кожа на пациентот земен од други делови на телото. Тоа е многу долг и трауматичен процес. Во Краснодар, меѓутоак, се користи метод на фотодинамична терапија со употреба на ласер под локална анестезија. Онкологот Павел Попов тврди дека се доволни 6 до 8 операции.
„Очните капаци се целосно зафатени, класичниот метод може да доведе до сериозни анатомски повреди. По нашиот метод, кој досега беше потврден во бројни случаи (единствено не сме имале младежи со таква големина), сметаме на целосна функционалност на очните капаци. И во козметички поглед очекуваме добри резултати“, тврди рускиот лекар.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче