Мајката на девојчето со „маската на Бетмен“ со први фотографии од ќерката по операцијата во Русија

Мајката на малата Американка Луна Фенер, која на крајот на септември пристигна во градот Краснодар на југот на Русија за да тамошните лекарите ѝ го отстранат огромниот младеж што ѝ го покриваше речиси целото лице, неодоливо потсетувајќи на „маската на Бетмен“, на својот профил на „Инстаграм“ ги објави првите фотографии и видеа од нејзината ќерка по операцијата.

Како што наведе таа, помина само еден месец од последната интервенција на руските лекари, а на конечниот резултат треба да се почека неколку месеци, кога кожата ќе биде целосно опоравена. На фотографиите што ги објави Керол, веќе се забележува дека младежот е помал, пренесува РИА „Новости“.

„Нѐ чекаат уште многу операции, но ние сме многу задоволни од првите резултати, особено што Луна не чувствува никаква болка и е многу среќна“, рече Керол Ферен. Како што објасни таа, на главата на нејзината ќерка има завои затоа што лекарите ја земале кожата од таму.

„Многу сум среќна што си ја послушав интуицијата и дојдов во Русија “, рече Керол, напомнувајќи дека за време на првата операција руските лекари отстраниле дел од младежот, а во текот на втората се фокусирале текстурата на кожата и нејзината мекост.

Американските лекари ѝ дијагностицирале на Луна меланоцитен невус. Иако детето е целосно здраво, тие се плашеле дека дамката би можела да прерасне во меланом.

Ласерскиот хирург од Краснодар Павел Попов дозна за случајот на Луна на социјалните мрежи и се понуди да помогне. Се покажа дека долготрајниот и макотрпен третман, во вид на 80 операции кои се подготвуваа да ги изведат американските лекари, е непотребен. Павел Попов смета дека шест сесии фотоодинамична терапија се доволни, а претходно ја запозна мајката на Луна со резултатите од својата лекарска пракса.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња