На фотографијата на „Инстаграм“ се гледа дека младежот на лицето на детето е намален, а кожата на образот зараснува. Според мајката на девојчето, на левата нога на детето останала „трага“, затоа што од тоа место е земена кожа за трансплантација.
Истата процедура е направена и со другата нога пред осум месеци, од каде е земена кожа за носот. Според жената, нејзиното дете сега е добро, се опоравува по операцијата. Планираат да се вратат дома на 9 декември.
Според извршниот директор на краснодарската клиника ФДТ Андреј Алексуткин, следната операција сé уште не е закажана. Таа ќе биде извршена кога мајката и ќерката повторно ќе дојдат во Русија.
Претходно краснодарските лекари на интернет видоа статија за девојче од САД родено со огромен младеж на лицето. Откако дознаа дека во Америка одбиле да ја оперираат, тие го контактираа семејството и ја понудија својата помош.
Во октомври 2019 година лекарите на специјализираната клиника за ласерска фотодинамичка терапија во Краснодар ја изведоа првата операција за отстранување на младежот кај девојчето од САД. Најавено е дека ќе бидат изведени вкупно шест до осум операција.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче