Претседателот на Русија Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу одмараат во сибирската тајга, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.
„Тој е навистина таму со Шојгу, местото нема да го наведувам, тоа е во Сибир“, рече претставникот на Кремљ.
Според Песков, одморот опфаќа прошетки во тајгата. Во друштво на Шојгу шефот на руската држава се качува на планини, од каде ја набљудува природата во есен.
Алексеј Дружинин / TASS
Претходно Путин учествуваше на Источниот економски форум во Владивосток, потоа ја посети Амурската област, каде што беше во обиколка на изградбата на инфраструктурните објекти на космодромот „Восточни“, а се сретна и со губернаторот Василиј Орлов.
Претседателот и министерот за одбрана на Русија во повеќе наврати заедно одеа на одмор. И во март, исто така, беа во сибирската тајга.
Во 2019 година новинарите објавија снимки на кои претседателот во шума собира печурки и му покажува на снимателот шишарка што планира да ја понесе како сувенир. Министерот за одбрана тогаш ископа во шумата грмушка на брусница, а Путин на шега му предложи да ја засади во Подмосковје.