Мече во руски национален парк „го сврте светот наопакуˮ играјќи си со камера (ВИДЕО)

Младенче на хималајска мечка во националниот парк „Земјата на леопардот“ во Приморскиот крај на Русија сврте камера поставена во дивината за 180 степени.

Хималајско мече оштети камера поставена во националниот парк „Земјата на леопардот“ во Приморскиот крај на Русија и привремено го прекина набљудувањето на ретки животни.

„Мечката се најде на снимка во националниот парк и го „сврте светот наопаку“, се вели во соопштението на националниот парк.

На снимката објавена на јутјуб-каналот „Земјата на леопардот“ се гледа како млада мечка ѝ приоѓа на камерата, ја разгледува и ја превртува за 180 степени, така што објективот гледа во земјата.

„По средбата со ѕверот, уредот поставен на дрво можеше да ја снима само земјата под него. Притоа новиот агол на камерата овозможи мечката повторно да се гледа на снимката, само превртена наопаку. Потоа животното мирно го напушти местото на снимање“, соопшти националниот парк.

Експертите наведуваат дека станува збор за мечка на тинејџерска возраст, која веројатно е стара повеќе од една година.

Камерата била поставена на тоа место неколку дена пред средбата со мечката. После тоа објективот веќе не фати ниедно животно, иако ви тој реон живеат неколку далекоисточни леопарди и еден амурски тигар. Процесот на набљудување на оваа популација е привремено прекинат додека не се поправи камерата, истакнуваат од националниот парк.

Според податоците на научниците, мечките почесто од другите животни ги расипуваат камерите во „Земјата на леопардот“. Тоа има врска со природната љубопитност на овие животни. Научниците често наоѓаат камери оштетени од нивните канџи и заби, но вистинска реткост е да се добие снимка од една таква средба на животно со техника.

Хималајската црна мечка или белограда мечка живее на југот на Далечниот Исток на Русија. Значително помала е од кафеавата мечка. Поголемиот дел од времето го поминува на дрвјата, каде што се храни со овошје и јаткасти плодови. На југозападот на Приморскиот крај денес живеат преку 100 единки на хималајската црна мечка.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња