Претседателот на РФ Владимир Путин, во врска со итниот апел од владата на Грција, наложи да се зголеми руската група која се бори со пожарите во централните региони на таа балканска република, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува РИА „Новости“.
„Во врска со итното обраќање на владата на Грција, претседателот на Русија Владимир Путин даде упатство за зголемување на руската група која се занимава со гаснење на пожарите во централните региони на грчката република“, истакнуваат од Кремљ.
Од 30 јуни во Грција се наоѓа руски авион Бе-200, кој секојдневно учествува во гаснење на бројни пожари и, според оцените на Грците, покажа висока ефикасност. Во понеделникот, 9 август, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во разговор со неговиот руски колега Михаил Мишустин го истакна придонесот на рускиот „Бе-200“ во гаснењето на пожарите во Грција и разговараше за можноста за обезбедување дополнителни авиони. А грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас изјави дека во телефонски разговор со шефот на руското МНР Сергеј Лавров побарал втор авион „Бе-200“ за гаснење на шумските пожари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче