Како што пренесува порталот AviaPressPhoto, новиот хидроавион го доби името по пилотот Александар Мамкин, кој 1944 година од територијата под германска окупација евакуираше околу 200 сирачиња и воспитувачи од Полоцкиот детски дом бр. 1. Руската морнаричка авијација вкупно ќе добие три спасувачки хидроавиони Бе-200ЧС со намена за гасење пожари.
Инаку, екипажот на оваа летечка амфибија го сочинуваат две лица, а во состојба е да транспортира до 43 лица. Максималната брзина на хидроавионот е 700 километри на час на висина од 7000 метри. Практичниот долет му е 3100 километри, максималната висина што ја достигнува 8100 метри, а брзината на искачување 8 метри во секунда.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче