Се појави ретка снимка на која се гледа како авион-амфибија Бе-200 излегува од вода на копно (ВИДЕО)

Скриншот
Бе-200 претставува необичен повеќенаменски авион, развиен врз основа на својот претходник – авионот-амфибија А-40. Авионот е во состојба да полета од земја, но и од површината на водата. Неговата основна намена е гаснење пожари, мисии за потрага и спасување, обезбедување на водниот простор, еколошки мисии, превоз на патници и товар. Благодарение на своите специфични тактичко-технички карактеристики овој авион нема пандан во светски размери.

Бе-200 е авион-амфибија што го користат службите на Министерството за вонредни состојби. Служи за гаснење шумски пожари и за спасување на настрадани во непристапни подрачја.

Главната особеност на „амфибијата“ се состои во тоа што овој авион ја зема водата при слетување во езеро или широка и длабока река, од каде и полетува кога ќе ги наполни резервоарите. Затоа оваа техника најмногу ја купуваат држави со широки реки и езера, како што се земјите на Југоисточна Азија и Латинска Америка.

Во прашање е авион со двојна (воено-цивилна) намена. Во резервоарите собира 12 тони вода (резервоарите имаат осум секции, така што водата може да се испушти истовремено или поединечно), и истовремено авионот може да понесе 8 тони товар.

Со авионот управуваат два члена на екипажот. Во состојба е да транспортира 43 патници или 12 кубни метри вода која е сместена во специјални резервоари кои пак се состојат од 8 поврзани сектори кои можат да се отвораат одеднаш или поединечно. Леталото го движат два специјално модифицирани гаснотурбински мотори Д-436ТП со поединечна моќност од 7500 кгс. Овие мотори се одликуваат со многу висок степен на отпорност на корозија, што е од фундаментална важности при експлоатација на леталото на вода.

Максималната брзина на авионот е 700 км/час. Леталото може да ја оствари оваа брзина на висина од 7 илјади метри. Максималниот долет е 3100 км, додека висинската граница на летот е 8100 метри.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња