Нов руски авион-амфибија за спасувачи

Крим, 27 март 2015. БЕ-200.

Крим, 27 март 2015. БЕ-200.

Алексеј Павлишак / ТАСС
Фабриката за авиони во Таганрог (1.150 километри јужно од Москва) започна со производство на првиот сериски авион-амфибија БЕ-200ЧС за потребите на Министерството за вонредни состојби на РФ.

Во Русија започна производството на модернизираниот авион за потребите на Министерството за вонредни состојби. Моделот БЕ-200 е усогласен со новите потреби и сега тоа е БЕ-200ЧС – првиот руски авион-амфибија кој влезе во сериско производство.

На почетокот беа предложено многу различни варијанти за комплетирање на опремата и за користење на идното летало. Извесно време дури и се водеа преговори со компанијата „Ролс ројс“ за производство на моторот, со цел овој модел да може да се понуди и на западниот пазар.

Меѓутоа, раководството на Министерството за одбрана и на Министерството за вонредни состојби на РФ донесоа одлука целото производство да им се довери на руските претпријатија, со цел да се избегне зависност од политички прашања.

u0412u0430u043bu0435u0440u0438u0458 u041cu0430u0442u0438u0446u0438u043d / u0422u0410u0421u0421
u0412u0430u043bu0435u0440u0438u0458 u041cu0430u0442u0438u0446u0438u043d / u0422u0410u0421u0421
u041cu0430u0440u0438u043du0430 u041bu0438u0441u0446u0435u0432u0430 / u0422u0410u0421u0421
u0420u0418u0410 u041du043eu0432u043eu0441u0442u0438
u0420u043eu0458u0442u0435u0440u0441
u0420u043eu0458u0442u0435u0440u0441
 
1/6
 

Според воениот аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Литовкин, ваквиот потег му помогнал на производителот да ги избегне последиците од воведувањето санкции од страна на Западот, но од друга страна му ја ограничил можноста да го продава авионот на странските пазари.

„Одлуката БЕ-200ЧС да се склопува во целост од делови од домашно производство не му дава на авионот можност да излезе на западниот пазар зашто купувачот мора да смета и на скапите резервни делови. Сега авионот е предвиден за домашниот пазар и за земјите од Југоисточна Азија“, истакнува експертот.

Според него, авионот може да носи товар со максимална вредност од 8.000 килограми и 12 кубни метри вода (12 тони – заб. ред.) во резервоарите за гаснење пожар.

„Главната особеност на авионот-амфибија е во тоа што тој може да користи водна површина за полетување и за слетување, и во тоа што во таква ситуација зафаќа вода и ги полни со неа резервоарите. Според тоа, потенцијални купувачи се земјите што имаат широки реки и езера, зашто солената вода ги уништува дрвјата за време на гаснење на пожарот“, додава Сафонов.

Технички карактеристики
Посада: 2 лица
Капацитет: 64 лица
Должина: 32.05 метри
Распон на крилата: 32.78 метри
Висина: 8.90 метри
Тежина: 28.000 килограми
Носивост: 8.000 килограми товар и 12 кубни метри вода во резервоарите (8 комори со можност за истовремено или сукцесивно исфрлање вода)
Максимална тежина при полетување:
Од водна површина: 40.000 килограми
Од копно: 42.000 килограми

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња