„Белатор“ официјално ја најави следната борба на Фјодор Емелјаненко

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Промоторот „Белатор“ официјално ја најави следната борба на познатиот ММА-ветеран Фјодор Емелјаненко.

На 23 октомври рускиот борец во тешка категорија ќе влезе во кафезот заедно со Американецот Тимоти Џонсон, кој на својот биланс има 15 победи, од кои 7 се со нокаут, пишува РИА „Новости“.

Се соопштува дека таа борба ќе биде главниот настан на турнирот што ќе се одржи во Москва на „ВТБ-Арена“.