ВИДЕО: Русин и мечка вечераат на иста маса

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Странските корисници на „Јутјуб“ беа импресионирани од видео од Русија во кое мечка јаде со човек на иста маса.

Видеото, насловено „Мечка ужива во мезе со својот најдобар пријател - човекот“, е снимено кон крајот на јули во Саратов. На снимката се гледа како човекот го храни ѕверот со рака, а на масата има овошје, колбаси и друго мезе.

„Секој пат по активна игра и пријатна прошетка, мечката Балу јаде и ја гледа својата омилена анимација“, се вели во описот, пренесува РИА „Новости“.

Во коментарите корисниците признаваат дека им се допаѓа руската публикација, пишува „Взгљад“.

„Ги гледаат „Маша и мечокот“! Забавно“, вели Sarah Walton.

„Сакам слатки мечки“, признава Anthony Man.

„Изгледа прекрасно“, заклучува rhys weertman.

Прочитајте повеќе: Како да се скроти мечка: искуството на едно руско семејство