Мечки во Хабаровскиот крај изедоа тон риба што испаднала од камион

Транспорт на риба.

Транспорт на риба.

AFP / EastNews
Околу еден тон риба се истури од камион на патот кај Николаевск на Амур - целата руба беше изедена од мечки кои ги привлече мирисот.

Ова беше соопштено од локалните жители и потврдено од администрацијата на Николевскиот реон на Хабаровскиот крај.

„Камионот превезуваше од риболовниот колхоз риба и на угорнината недалеку од Николаевск, дел од товарот - не повеќе од еден тон - се истури на патот. Реките сега се празни, мечките го почувствуваа мирисот, излегоа на патот и изедоа сè“, изјави началникот на Одделот за цивилна одбрана и вонредни состојби на реонската администрација Александар Шалигин.

„Тоа се случи во неделата. „КамАЗ“ со риба се преврте. Возачот беше камен пијан. Кај нас во Николаевск жителите ниту риба, ниту икра не можат да видат, затоа што веднаш по преработката се транспортира до други градови. А тука се валкаше на патот. Вчеравечер на мирисот на сибирски лосос дотрчаа мечките“,  ги цитира порталот „Губернија“ зборовите Марина Девјтаирековаја од Николаевск.

Истовремено на социјалните мрежи се појавија фотографии од местото на настанот, пренесува newsru.com.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња