Хабиб Нурмагомедов изјави дека му недостасува спортот

Getty Images

Поранешниот шампион на УФЦ, Русинот Хабиб Нурмагомедов, во интервју за организацијата ја коментираше можноста за обнова на кариерата, пишува „Лента.ру“.

Спортистот изрази желба да „влезе во кафезот и да ги подигне трофеите“ бидејќи му недостасува натпреварувачкото искуство, тренингот и режимот. „Тешко е да се ослободите од таа врска. Но, дури и да не ја завршив кариерата сега, сепак некој ден ќе морав да кажам „не“, рече тој.

На 25 јуни тренерот за мешани боречки вештини (ММА) Хавиер Мендес зборуваше за копнежот на Нурмагомедов за борба. Според него, на Русинот му недостасуваат тренинзите и настапите.

Нурмагомедов е поранешен шампион на УФЦ во лесна категорија. Има 29 победи во 29 борби. Тој стави крај на својата кариера минатата есен, образложувајќи ја својата одлука со тоа дека ѝ дал ветување на мајка си.

Прочитајте повеќе: Хабиб одби понуда вредна 100 милиони долари

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња