Хабиб одби понуда вредна 100 милиони долари

Getty Images
Али Абдел-Азиз, менаџер на поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов, изјави дека Хабиб не се согласил на меч со боксерот Флојд Мејведер за кој би добил 100 милиони долари.

„На Хабиб му беа понудени 100 милиони долари, кога ја напушти UFC, за борба против Флојд Мејведер. 100 милиони долари. Можете да го прашате Флојд, можете да прашате кого сакате, ама Хабиб рече: „Не, јас се повлеков. Ѝ реков на мама дека ја завршив кариерата и ќе го одржам зборот што дадов. Ако мајка ми ми каже повторно да се борам, можеби и ќе го сторам тоа, но таа во овој момент не го кажа тоа“. Тој потекнува од муслиманската култура, ние многу си ги почитуваме мајките. Ние не можеме да отидеме на небото без мајчина дозвола“, ги наведува Sportskeeda зборовите на Абдел-Азиз.

Хабиб Нурмагомедов ја заврши кариерата во октомври 2020 година по победата над Американецот Џастин Гејџи и третата титула шампион во лесна категорија. Рускиот борец се бореше во вкупно 29 мечеви и имаше 29 победи.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња