„Вкупниот број на абортуси извршени минатата година во Русија изнесуваше околу 450 илјади. Приближно една половина беше по желба на жените. Тоа е, се разбира, многу голема бројка, меѓутоа, таа е за 35% помала отколку пред пет години. Односно, во последните пет години бројот на абортуси е намален за една третина“, рече Салагај, пренесува новинската агенција ТАСС.
Како што наведе тој, намалувањето на бројот на абортуси се должи на систематската работа во таа област, меѓу другото, благодарение и на советувањето на жените пред интервенција.
Од приближно 230 илјади жени кои решиле да абортираат во 2020 година и го поминале претходното советување, околу 49 илјади од нив се откажале од абортус, нагласи заменик-министерот.
Претходно патријархот Московски и на цела Русија Кирил ги повика жените кои не се подготвени да растат деца да не се одлучуваат за абортус, туку да ѝ ги даваат бебиња на Руската православна црква која ќе ги воспитува. Според податоците на Ростат од 2018 година, во Русија годишно се вршат 550 илјади абортуси.