Претседателот на Русија Владимир Путин во бело кимоно за источни боречки вештини и црн појас трча по салата со високо подигнати колена, опкружен со десетина млади џудисти. На следната снимка тој со сигурно движење ги фрла преку рамо на татамито, еден по друг.
На овој начин на 14 февруари 2019 година е одржан последниот показен тренинг на Владимир Путин во спортскиот центар „Југ спорт“ во Сочи. Рускиот претседател отсекогаш го сакал спортот, а според неговиот портпарол Дмитриј Песков тој и понатаму по час и половина дневно минува во сала за вежбање.
„Претседателот секојдневно плива по еден километар. Секако, се случува да е на пат и тоа да не е остварливо. Покрај тоа се занимава и со хокеј и со други спортови, како што се да кажеме боречките вештини“, рече Песков во интервју за весникот „Аргументи и факти“ на почетокот од 2019 година.
А, како изгледаат тренинзите на претседателот, Путин заедно со поранешниот премиер Дмитриј Медведев покажа во 2015 година повторно во Сочи, кога во сиви тренирки и маица, на справи во теретана правеа вежби за јакнење на мускулите на рацете и на нозете и веднаш потоа правеа скара.
Освен тоа претседателот се занимава и со јавање, со скијање и сплавари на реки, се наведува на сајтот на Кремљ.
Во февруари 2020 година наспроти пандемијата со новиот коронавирус во Русија, Путин рече дека клучната тајна за одржувањето на добрата физичка форма е во движењето.
„Сметам дека треба да се јаде помалку и да се движиме повеќе. Важно е за се да се има добра мера, во ограничувањата, и во активностите...“, рече претседателот.
Рускиот претседател редовно применува уште еден секојдневен ритуал: топло-ладни кури, за што зборуваше кон крајот на минатиот месец.
„Речиси секојдневно ги користам топло-ладните кури. Доколку немам место на располагање, тогаш се туширам наизменично со топла и со ладна вода, и тоа секому го препорачувам. Мошне е едноставно, а мошне е делотворно, според моето мислење го зајакнува имунитетот“, рече Путин во интервју за каналот „Русија 1“.
Како што нагласи воопшто не е комплицирано, сè што треба да се направи е да се „вклучи-исклучи, топла-ладна вода“.
„Во исто време во 2013 година претседателот во лекување на настинките предност им даваше на народните лекарства“, вели раководителот на Главната медицинска управа, заслужениот лекар на РФ Сергеј Миронов.
„Владимир Владимирович е скептичен кон лековите, дури и кога станува збор за најобични таблети против настинка. Предност им дава на народните лекови, чај со мед, парна бања и масажи“, објасни Миронов.
Часовникот покажува дваесет минути по полноќ, Путин заедно со новинарите од руската телевизија НТВ слатко јаде каша со кашкавал, а на масата има чаша со сиви јајца од препелица. Како што објасни, наутро прво оди на туширање, потоа работи, потпишува итни документи и дури потоа оди во теретана и во кујна.
Така во 2012 година претседателот покажа што појадува и пред новинарите го отвори фрижидерот во кој имаше млеко, кефир, сок и кечап.
Претседателот за себе вели дека не е пребирлив во јадењето, дека е рамнодушен кон благото, со исклучок на сладоледот, и дека само на патувања со задоволство проба локална кујна.
„Немам некакви посебни барања. Сакам зеленчук, домати, краставици, салата. Наутро јадам каша, кашкавал, мед. Ако можам да изберам помеѓу месо и риба, секогаш избирам риба, а од месо сакам јагнешко. Одамна сум навикнат да пијам зелен чај“, ги пренесе во 2019 година зборовите на Путин сајтот на телевизијата Царград.
„Целата храна која се изнесува пред Путин минува низ внимателна контрола во лабораторија, јадењата се подготвуваат во специјалната кујна на Федералната служба за обезбедување или во присуство на санитарен лекар“; изјави во мај минатата година во интервју за новинската агенција РИА Новости поранешниот генерален директор на комбинатот „Кремљовски“, претседателот на Федерацијата ресторатери и хотелиери на Русија Игор Бухаров.
„Иако храната што доаѓа има сертификат, таа сепак се испраќа во лабораторијата на ФСО на контрола. Еднаш излезе дека е одбиена, па требаше нешто брзо да се замени во од“, изјави Бухаров.
Уште во 2016 година новинарите на една од фотографиите од состаноците на Путин со министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу забележаа необичен уред, кој излезе дека е прочистувач на воздухот од руско производство „Дезер 7“. Во уредот се вградени ултравиолетово ламби, благодарение на чие зрачење во кабинетот на претседателот во Кремљ се уништуваат бактериите, вирусите, габите и другите микроорганизми. По објавувањето на фотографијата на Путин со „Дезер“ во заднината, продажбата на апаратот порасна, а во 2020 година го купуваа московските училишта со цел да се заштитат од коронавирусот.
Путин водеше сметка за чистиот воздух и во 2020, годината на коронавирусот. Во јуни во претседателската резиденција во Ново-Ограјово беше поставен дезинфекциски тунел произведен во Пензенската област.
Предвидено е низ тунелот да минуваат сите вработени во резиденцијата, а на секој од нив се распрскува голем облак раствор. Раководителот на компанијата-производител „Моторни технологии“ Ољга Изранова рече дека за време на влезот во тунелот најдобро е да се затворат очите и да не се дише.
„Но, и ако се вдише, или ако се отворено очите, слузокожата не се иритира и нема последици за здравјето, уште помалку во облека и со очила. Тоа не е влага, ами всушност е облак“, рече Изранова.
Со цел одржување на имунитетот Путин во текот на годината прима цел комплекс вакцини, меѓу кои и вакцина против грип и против пневмокока, рече на почетокот на оваа година Дмитриј Песков.
„Претседателот има, да не го урочиме, одлично здравје, а вакцините ги прима токму за да го зачува тоа одлично здравје“, рече Песков.
Вакцината против вирусот кој ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 ја прими на 23 март оваа година. Потоа почувствува мала слабост, за наскоро неговата здравствена состојба да се нормализира.
„Првите околу пет часа навистина ништо, а потоа кога неколку пати ја кренав раката во која ја добив вакцината, почувствува, не, тоа не е болка, ами некаков вид нелагодност. Пред да одам на спиење за секој случај ставив топломер на наткасната. Кога се разбудив следното утро по вакцината, ми се чинеше дека малку ме тресе... Го зедов топломерот, ја измерив температурата и видов дека е во ред. Меѓутоа, следниот ден кога повторно ја изморив температурата и сфатив дека е нормална, не можев себеси да се лишам од задоволството и да ги прескокнам топло-ладните кури“, рече Путин.
Прочитајте исто така Што јаде претседателот Путин?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче