Кое е главното хоби на Путин?

Алексеј Дружинин/Sputnik
Главното хоби на рускиот претседател е читањето, но Путин гледа и ТВ-канали на странски јазици и го учи англискиот јазик, откри неговиот портпарол.

„Неговото главно хоби е читањето. Тоа се повеќето книги за историјата, мемоари“, изјави Песков за весникот „Аргументи и факти“. 

Путин исто така чита весници што му ги носат во Кремљ и резиденцијата Ново Огарјово. Песков исто така рече дека Путин секогаш има при рака весник во авионот.

Претседателот на Русија гледа германски ТВ-канали и канали на англиски јазик. „Тој неколку пати неделно учи англиски. Тоа се кратки часови, ама редовни“, рече Песков.

Путиновиот портпарол додаде дека претседателот сака да го поминува времето со своите кучиња и дека никогаш не видел мачка во претседателската резиденција.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња