Погледнете ја само оваа девојка! Таа е најсериозната и најнамуртената мачка на светот. И токму таа е јунак на руските духовити објави на Интернет („погали ја мачката“!).
Паласовата мачка живее во Република Алтај, во Тува, Бурјатија и во Забајкалскиот крај, односно онаму каде може да се крие во степите. Таа не сака снег, иако нејзиното густо крзно ѝ овозможува да преживее секаква бура. Таа всушност го има најгустото и најмекото крзно меѓу мачките. Токму тоа е причината што често станува жртва на див лов.
Снежниот леопард или ирбис, како што се нарекува во Русија, е голема мачка со дамки. Живее на југот од Сибир, во Сајанските планини. Природата му подарила меки шепи за одење по снег, дизајн со дамки и прекрасен дебел опаш околу еден метар, колку што е и неговото тело. Снежниот леопард има интересна навика својот опаш да го носи во забите и за тоа постојат неколку причини: мускулите на опашот во текот на денот му се заморуваат, па на овој начин го олеснува одењето. Освен тоа, ова е и начин да си ја загрее муцката. Практично е невозможно да се видат во живо. Не само што се ретки во природата, ами се и мошне повлечени и ги избегнуваат луѓето.
Најголемата дива мачка (возрасна единка е тешка околу 200 килограми) живее на Далечниот исток и официјално е прогласена за најсеверен вид тигар. Таа не се плаши од студот.
Амурскиот тигар е загрозен вид не само поради ловците, ами и поради сечењето на тајгата во која живее. На светот се останати само неколку стотини единки.
Овој морски џин живее во Баренцовото, Карското и во Белото море. Тежок е околу еден тон. Под кожата има слој од 15 сантиметри сало, а на главата има бивни долги околу половина метар со кои може да се потпира на сантата од мраз. Токму поради бивните е мета на ловокрадците.
Ова е уште еден староседелец од Арктикот чиј опстанок е загрозен. Тоа е кит со долг рог, еден вид морски еднорог. За него е еднакво погубен ловот, како и загадувањето. Обидите за обновување на популацијата на нарвалите во затворен простор доживеаја неуспех.
Се сеќавате ли дека кај Киплинг се појавува глутница лисести кучиња, најопасните жители на џунглата? Тоа се токму тие. Црвените волци оддалеку потсетуваат на лисици зашто имаат убаво и раскошно крзно. Во Русија мошне ретко се среќаваат на Алтај и во Хабаровскиот крај, но стручњаците сметаат дека тоа се главно единки кои доаѓаат од териториите на Кина и на Монголија.
Сахалинската кабарга или сибирскиот мошусен елен е всушност мошне мило и неопасно животинче. Иако има прилично застрашувачки заби, се храни исклучиво со билки и никогаш не ги напаѓа луѓето. Но, луѓето кон него не се толку милозливи. Станува збор за тоа дека жлездите на мажјаците произведуваат мошус, супстанца со интензивен мирис која се користи во производството на парфеми.
На Далечниот исток на Русија живее еден од најголемите бувови на светот. Тежок е 4 килограми со распон на крилјата до два метри. Бувот-рибар за разлика од обичните бувови е активен и дење и ноќе. Во текот на денот лови риба, фаќајќи ја со канџите право од водата.
Западносибирскиот подвид речен дабар живее само во Русија. До почетокот на 20 век тие не беа толку ретки, но ловците не им даваа мир. Денес ги има само неколку стотини и живеат во долината на реката Конда.
Таа живее исклучиво на островот Медни во реонот на Комондорските острови во Беринговото море. Во седумдесеттите години од минатиот век овој вид почна масовно да умира од паразитска болест што ја пренесуваат крлежите кои навлегуваат во нивните ушни школки. Денес на светот има останато околу сто единки сини лисици.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче