1. Првиот снег изненадува секого, така што човекот не е единствениот кој може да заглави некаде по пат. Овој познат манул во Московската зоолошка градина беше мошне изненаден кога сфати дека за „снегот не постои алтернатива“.
2. Инаку, уште претходно му опадна расположението кога во Москва стасаа првите студенила.
3. Во дивина животните природно се многу подобро прилагодени на снежната прекривка одошто нивните роднини кои уживаат во комфорот на зоолошката градина. Оваа поларна лисица среде снег се чувствува како дома.
4. Зиме зајаците обично си наоѓаат скривалиште во непристапен водоплавен терен, така што оваа фотографија е вистинска реткост.
5. Оваа лисица фотографот ја нашол дури на Чукотка. Изгледа како да не би одбила шолја топол чај.
6. Животните во зоолошка градина различно реагираат на првиот снег, во зависност од климата во нивното природно живеалиште. Лавицата на оваа фотографија не е баш пријатно изненадена, додека мошусно говедо на снег се чувствува како риба во вода.
7. Снегулките очигледно воопшто не му пречат.
8. Овој снежен леопард кој се вика Анет живее во Московската зоолошка градина и сака снег дури и кога ќе падне во март, како што беше во 2018 година.
9. Малите мачки се како мали деца. Ова младенче на тигар кое се вика Ермак живее во Барнаулската зоолошка градина. Како од мајка си да бара објаснување што е тоа што паѓа од небото.
10. Се сеќавате на познатиот руски мечок Стјопа (Степан)? Тој многу сака кога крзното ќе му се истрие со свеж снег.
11. Овој коњ се „топи од среќа“ во длабокиот студен снег!
12. Сепак, најмногу се радуваат кучињата. Погледнете го како ова куче со залет смешно се лизга по снегот.
13. А, на ова кутре му треба само детска зимска јакна и ништо повеќе.
14. Некои животни не се радуваат многу на снегот, особено ако поради него не можат да ја следат мајка си и да се искачат на врвот на ридот. Оваа видеоснимка не е за оние што имаат слабо срце.
15. Мачките не сакаат многу вода и снег. Погледнете колку е изненадена оваа.
16. Е, ова е веројатно единствената мачка што се радува на зимата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче