Лавров се фотографираше со маска со натпис FCKNG QRNTN

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров се фотографираше во маска со шеговит натпис FCKNG QRNTN којашто претходниот ден му ја подарија новинарите.

Фотографијата е направена при посетата на Лавров на округот Гуејлин во текот на официјалната посета на Кина.

Вчера во Кина се состанаа шефот на руската дипломатија и неговиот колега Ванг Ји. Разговорот ќе биде продолжен денес, по што рускиот министер заминува во посета на Јужна Кореја.

Новинарот Дмитриј Кисељов вака го прокоментира гестот на Лавров:

„Сергеј Лавров е фаца! Носи маска на којашто пишува отприлика „Нека оди по ѓаволите карантинот!“ Министер на земја која секако го контролира ковидот подобро од Западот им испраќа поздрави на сите оние кои ѝ даваа поуки на Русија. Подобро би било да се вакцинирате со „Спутник V“ наместо да добивате ќотек од сопствената полиција која со пендреци и шмркови ве брка од улиците.... Фотографот @rian_ru заслужува награда“, напиша тој на „Телеграм“.