Сергеј Лавров прележа полесен облик на корона

MFA Russia/via Globallookpress.com
Шефот на руската дипломатија ја прележал инфекцијата и има антитела. Но, ќе се консултира со лекарите дали да се вакцинира.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави на годишната конференција за новинарите дека го прележал коронавирусот.

Исто така, тој соопшти дека се работело за полесен облик на вирусот.

„Имам антитела, затоа што прележав полесен облик на коронавирусна инфекција. Но, еве сега слушнав дека специјалистите им советуваат и на оние кои прележале Ковид-19 сепак да се вакцинираат“, рече министерот во текот на конференцијата.

Одговарајќи на прашањето дали планира да прими вакцина против корона, Лавров рече дека ќе се консултира со лекарите за тоа.

Во Русија денеска почна масовна вакцинација на населението против инфекција од коронавирус.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња