Сликата е симболична
Steven Depolo / flickr.comИзборот на називот на овој дијамант можеби некому би му се сторил чуден. Меѓутоа, тоа не е првпат дијамантите да добиваат чудни називи. Постојат дијаманти „50 години „Аерофлот“, „Валентина Терешкова“ и „26-ти Конгрес на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз“.
Сите тие дијаманти се наоѓаат во најзатворениот руски музеј - Дијамантскиот фонд, чија колекција првенствено ја сочинува накитот на руските царици.
Покрај баснословниот накит на цариците, во музејот е изложена и оригиналната Голема круна од 1762 година која е украсена со речиси 5000 дијаманти, 75 индиски бисери и црвен скапоцен камен спинел од 400 карати. Меѓу експонатите се наоѓа и во моментов најголемата на светот грутка самородно злато тешка 36 килограми.
Сé уште не се знае дали дијамантот „Спутник V“ ќе ја пополни колекцијата на Дијамантскиот фонд или можеби ќе заврши на нечиј прст?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче