Секој што стапува во брак со државјанин или државјанка на Русија има право на руски пасош и може да смета на поедноставена процедура за поднесување на барање.
Најчесто лицето од странство треба да биде три години во брак со руски државјанин или државјанка, па дури тогаш да добие државјанство на Русија. Покрај тоа, постојат и дополнителни услови кои брачниот пар треба да ги исполни.
„Во моментот на поднесувањето на барањето за добивање руско државјанство сопружниците мораат постојано да престојуваат во Русија и да бидат во брак три години. Важно е да се истакне дека престојот во Русија се третира како постојан ако наведеното лице не се наоѓа надвор од Русија подолго од три месеци во тек на една година. Тоа значи дека секоја календарска година [странецот кој е во брак со лице од Русија] мора да се наоѓа во Русија најмалку 9 месеци и 1 ден, или подолго“, вели Екатерина Осипова, директорка на Правната клиника на Балтичкиот федерален универзитет „Имануел Кант“ (универзитетот е дел од „Проектот 5-100“ чија цел е максимално подобрување на конкурентните позиции на групата водечки руски универзитети на глобалниот пазар на образовни услуги и истражувачки проекти).
Покрај тоа, одредени правила мораат да се почитуваат и при склучувањето брак меѓу лица со руско државјанство и граѓани на друга земја, доколку тие бракови се регистрираат во странство. Во тој случај „фактот на стапување во брак мора да биде заведен во локалната регистратура во Русија или во еден од руските конзулати на Руската Федерација во странство најмногу месец дена од денот на регистрацијата на бракот на територијата на друга земја“, вели Осипова.
Со оваа процедура за регистрација се потврдува валидноста на бракот меѓу странскиот државјанин и лицето со руско државјанство на територијата на Русија доколку не е утврдено дека се работи за бигамија, крвно сродство или ментална ограниченост на еден од сопружниците.
Само со почитување на овие правила сопружникот од странство може да смета на поедноставена процедура за поднесување молба за добивање црвен пасош.
Овде дознајте како уште можете да добиете руско државјанство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче