Зошто Русинките се мажат за странци?

Sandra, married a Frenchman

Sandra, married a Frenchman

Personal archive
Стариот стереотип дека Русинките копнеат само за странци и за виза сè уште е присутен понекаде. Поради тоа разговаравме со неколку Русинки кои се омажени за странци или се во односи со странци. Ги прашавме што навистина ги поттикнало на ваква врска.

Аљона, мажена за Турчин

Се омажив за него зашто навистина имаше сериозни намери и постојано тоа го докажуваше со своите постапки. Руските мажи што ги имам сретнато многу зборуваат, но ретко кога направиле нешто. Маж ми беше активен. Едноставно ме восхитуваше. Бев запрепастена, не знаев што ми се случува. Тој е мошне забавен, а за мене ми е мошне важно некој да знае да ме насмее кога воопшто не ми е до смеење.

Наталија, мажена за Австралиец

Не го избрав Енди зашто е Австралиец. Не гледам некоја голема разлика помеѓу него и моето поранешно момче. Едноставно си одговараме. Имам сретнато симпатични Руси и одвратни Австралијци, така што не мислам дека човековиот карактер зависи од местото каде што живее. Постои, за волја на вистината, една работа што е воочлива последица на феминизмот – тука, во Австралија, речиси никој не ги дели обврските на машки и на женски.

Второ, тука не постои обичаи мажите во кафуле или во ресторан да им плаќаат на девојките пијалак или вечера. Татковците ги изведуваат своите деца на прошетка, ги носат на училиште итн. Убаво е да се види тоа.

Алина, се забавува со Германец

Никогаш не сум барала исклучиво странец. Не мислам дека луѓето треба да им веруваат на стереотипите. Моето момче од Германија може да ги остави своите валкани чорапи насекаде во спалната соба, но по душа е трипати подобар од руските мажи.

Сандра, мажена за Французин

Да бидам искрена, уште како дете бев уверена дека кога ќе пораснам ќе живеам во странство. Не знам зошто, но по патувањето во Италија ме привлече таа земја. Почнав да учам италијански и заминав на студии во Рим. Сепак, никогаш не сум се обидувала да најдам момче од странство – веројатно тоа е судбина. Мојот сопруг го сретнав во Москва на работното место. Ме привлече неговата духовитост. Тој е едноставен, позитивен и не се потсмева, а тоа е она на што сум навикната во кругот на моите руски пријатели. Тој се шегува на своја сметка, што му овозможува да ги прифати работите онакви какви што се. Сега јас ги доживувам руските мажи како странци. Немам ништо против нив. Тие се весели и со нив е убава дружбата, но Французите ми се поблиски.

Наталија, мажена за Германец

Секако, постојат некои разлики во менталитетот, но ние живееме во Германија и одамна сме се асимилирале. Јас не го доживувам својот сопруг како странец и никогаш не сум имала желба да се омажам за странец. Јас и маж ми сметаме дека сме еднакви и имаме заеднички став околу работите како што се финансиите или средувањето на домот. Имам слушнато дека во Германија дедовците и бабите не се толку склони да се грижат за своите внуци како руските баби, ни засега не сум видела ниту еден доказ дека тоа е така,

Марија, мажена за Холанѓанец

Според мене, националноста нема никакво значење. Едноставно се случи така што се запознав со Холанѓанец кој беше идеален. Сфатив дека е мошне лесно да се најдат мали разлики со некој кој припаѓа на мојата култура и поради тоа да се отуѓиш од него, а од друга страна е мошне лесно да се најдат мали слични нешта со некој од сосема поинаква средина и да ти стане мошне близок.

Александра, мажена за Австриец

Ралф не ми отвораше врата за да влезам, ниту ми подаруваше огромни букети цвеќе, но кога дојде кај мене на гости не ми дозволи да готвам и да го средувам станот. Бев шокирана. По ноќта помината заедно му донесов чаша вода и му ја придржував главата додека пие. Тој само што не заплака. Рече дека никој никогаш така не му ја држел главата. И јас бев изненадена од неговата реакција. Ме побара за жена, организираше свадба и ги обезбеди сите документи за моето заминување во Австрија. Тој е свет човек!

Не знам зошто Русинките се мажат за странци, во мојот случај тоа беше љубов! И да бидам искрена мислам дека во Русија не би нашла маж каков што е тој. А, колку е добар кон нашата ќерка! Тоа е нешто посебно. Јас можам да седам во кафуле и да пијам пијалак додека тој си игра со неа. Никогаш не негодува зашто одморам.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња