Руски реклами со холивудски ѕвезди кои си немаат поим за тоа! (ФОТО)

GIPestel; HruHruSuperMan/pikabu
Сега знаете каде се печат омилените палачинки на Силвестер Сталоне и каде да ги пробате раженчињата на Хју Џекмен!

Холивудските sвезди често потпишуваат договори за реклама со големи компании, но тоа не е случајот тука.

Оваа палачинкара по називот „Сонцепјок“ (Припек) во градот Улан-Уде во Бурјатија стана позната во рускиот сегмент на интернетот благодарение на необичниот рекламен банер на кој се гледа Силвестер Сталоне покрај руски палачинки со црвен кавијар, додека во позадина се издига православна црква.

„Од дете ги обожувам палачинките на баба“, се вели во рекламата. На дното исто така стои: „Препорачувам! Влезете!“ Покрај тоа, кафе-ресторанот има многу добри рецензии.

Британскиот актер се проба на уште една руска реклама. Тука тој промовира услуга за карго-превоз. „Од леб до цела куќа“ - овие зборови што наводно му припаѓаат на актерот може да се прочитаат на камионите на една московска компанија.

Во сибирскиот град Томск Том Круз рекламира и услуги за карго-превоз. Името на компанијата е, освен тоа, инспирирано од името на познатиот актер: „Том Груз“ („груз“ на руски значи „товар“).

Оваа фотографија на „Инстаграм“ ја објави актерката Кејт Бекинсејл со зборовите: „Значи, во духот на неделата на пресврти, започнав свој бизнис со безбедносни камери на Урал. Да, јас сум навистина во тој камион со јајца подготвени на шкотски начин и копач, но само напред!“ Во коментарите нејзините руски фанови веднаш го пофалија овој успех и ѝ порачаа дека сега дефинитивно треба да го посети Магнитогорск.

Киосците за раженчиња се многу популарни во Русија. Погодете кој е честопати заштитно лице на овие услужни пунктови? Па, се разбира, Хју Џекмен во улога на Вулверин со раженчиња нанижани на канџите!

Бред Пит неочекувано стана заштитно лице на кројачка работилница за муслиманска облека во Перм на Урал.

Роберт Дауни Џуниор како Ајронмен човек ве поканува да не го одминете овој ресторан за брза храна во Новокузнецк во Сибир. „Стој! Највкусната шаурма е ТУКА!“, стои на рекламата.

Тој е исто така ѕвезда на микро-бизнисот во Ростон на Дон. „Оваа баба ги има најдобрите семки“, вели актерот. Како да не му поверувате!

Киосците што изработуваат фотографии за документи често прикажуваат снимки од некои познати личности како пример. Така, тука на пензиската картичка можете да ја видите руската пејачка Ала Пугачева, на рускиот пасош на Жерар Депардје, а на здравствената книшка Хју Лори!

По долга прошетка во московскиот парк „Сребрен бор“, дефинитивно треба да каснете нешто. Но каде? Изборот е очигледен: Кантина бр.33. А ја рекламира никој друг, туку јунаците на „Игра на тронови“.

На фактот дека „зимата доаѓа“ нé потсетува билборд за котли на јаглен во Магадан.

„Енергијата на твојот дизел во зима“ стои на овој билборд во Рјазањ. Погледнете го прстот на Вин Дизел додека држи шолја кафе.

Во Благовешченск (на Далечниот Исток на Русија) Џеки Чен, заедно со Шрек и рускиот пејач Филип Кирикоров, рекламира изнајмување сегвеј во забавен парк.

А дали би можеле рамнодушно да поминете покрај колонската вода „Босс“ од градот Минералние Води со Метју Меконахи на етикетата?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња