„Иронија на судбинатаˮ: Русин тргнал дома и стигнал во погрешен град (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Наместо во родниот Кирово-Чепецк човекот се нашол во Киров.

Жител на Кировската област во пресрет на Нова година го оживеа заплетот на познатиот советски филм „Иронија на судбината“. Наместо во родниот Кирово-Чепецк тој стигнал во Киров.  

На снимката од безбедносната камера се гледа како мажот плеткајќи се со нозете се приближува до еден влез и се обидува да влезе во зградата. Откако ќе се најде внатре тој буквално паѓа во отворениот лифт, се крева на саканиот кат и приоѓа до врата обидувајќи се да ја отклучи.

Вревата во ходникот го привлекува вниманието на соседите. Тие ја повикуваат полицијата, а кога овие ќе побараат документи, се покажува дека човекот се наоѓа во погрешен град.