Од филмот „Иронија на судбинатаˮ
Ељдар Рјазанов/„Мосфильм“,1975.Жител на Кировската област во пресрет на Нова година го оживеа заплетот на познатиот советски филм „Иронија на судбината“. Наместо во родниот Кирово-Чепецк тој стигнал во Киров.
На снимката од безбедносната камера се гледа како мажот плеткајќи се со нозете се приближува до еден влез и се обидува да влезе во зградата. Откако ќе се најде внатре тој буквално паѓа во отворениот лифт, се крева на саканиот кат и приоѓа до врата обидувајќи се да ја отклучи.
Вревата во ходникот го привлекува вниманието на соседите. Тие ја повикуваат полицијата, а кога овие ќе побараат документи, се покажува дека човекот се наоѓа во погрешен град.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче