Абдулманап и Хабиб Нурмагомедови
Комсомольская правда/Global Look PressЗборовите на Оливеира ги цитира Middleeasy. „Човекот рече дека ја завршува својата кариера. Слушнав дека се заколнал на гробот на неговиот татко дека нема да се бори повеќе“, рече Бразилецот и нагласи дека не верува во враќањето на Хабиб во октагонот. „Ако Хабиб ја обнови својата кариера, тоа ќе противречи на зборот што му го дал на сопствениот си татко. Тоа ќе биде крај“, заклучи Оливеира.
На 26 ноември американскиот тренер Хавиер Мендес навести враќање на Хабиб Нурмагомедов во октагонот. Тој потсети дека 32-годишниот Русин сè уште прави допинг-тестови.
Нурмагомедов соопшти дека ја завршува кариерата во ММА по победата над Американецот Џастин Гејџи на турнирот на UFC на 24 октомври. Русинот по трет пат ја одбрани титулата во лесна категорија и ја прослави својата 29 победа. Тој ја објасни својата одлука да го напушти спортот со тоа што сака да помине повеќе време со мајка си, која не сака тој да се бори без надзор од таткото.
Таткото на Хабиб, 57-годишниот Абдулманап Нурмагомедов, почина на 3 јули од компликации предизвикани од коронавирус.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче