Хабиб Нурмагомедов првпат се огласи по повод смртта на татка си

Komsomolskaya Pravda/Global Look Press
Aбдулманап Нурмагомедов почина од последици на инфекција од новиот коронавирус на почетокот на овој месец.

UFC шампионот во лесна категорија, Русинот Хабиб Нурмагомедов, напиша на „Инстаграм“ неколку редови со збогување од татка си во кои констатира дека практично на сé во животот го научил токму Абдулманап кој почина на почетокот на овој месец поради последици од заразата со новиот коронавирус.

„Татко, ќе ми недостигаш. Ми беше сé, и татко, и другар, и брат, и тренер. Ме научи фактички сé што знам. Се надевам дека беше задоволен од мене“, напиша Нурмагомедов.

Абдулманап Нурмагомедов е роден 1962 година во селото Силди во Цумадинскиот реон, каде што е и погребан, а живееше во селото Кироваул у Кизилуртовскиот реон. Беше руски спортист и тренер, мајстор на спортот на СССР во борење слободен стил. Заслужен тренер на Русија, постар тренер на репрезентацијата на Дагестан во борбено самбо. Под надзор на Абдулманап Нурмагомедов се изнедрија 18 шампиони на светот во борбено самбо.

Првиот човек на родното село на познатиот тренер Магомедрасул Давудов рече дека населбата наскоро би можела да биде преименувана и наречена по Абдулманап Нурмагомедов.

Хабиб Нурмагомедов последен пат настапи во мечот против Американецот Дастин Порие на почетокот на септември минатата година и притоа ја одбрани титулата шампион. Рускиот спортист стана шампион на UFC 2018 година. Триесетиедногодишниот првак забележа во досегашната кариера 28 победи и ниту еден пораз.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња