Бар во хотелот „Интурист“, Москва, 1974.
Ј. Левјант/SputnikЕден од првите советски барови во хотелот „Европа“ во Санкт Петербург имаше многу високи лакови на мермерните столбови, витражи и елегантни кожени фотелји.
„Во хотелот имаше мала просторија за одмор, белетаж каде што стоеше клавир. Од поранешниот ловечки кабинет на Николај II зедовме креденец од резбарено дрво па долниот дел го користевме како бар, а на горниот наредивме пијалаци“, раскажува Александар Кудрјавцев, еден од првите бармени во СССР.
Летна бавча на ресторанот „Криша“ во хотелот „Европејскаја“ (денес Гранд Хотел „Европа“), 1985.
ДмитријевSnik/SputnikТаквите барови во скапите хотели како „Москва“, „Берлин“ и „Метропол“ почнаа да се отвораат 1965 година заради странците кои сакаа да видат како изгледа социјалистичка земја.
„Првиот ден кога се отвори барот дојде некој Швеѓанец, мојот прв гостин, и нарача „вотка тини“. Тогаш во Европа беше обичај да се кратат називите на коктелите, па наместо „вотка со мартини“ се кажуваше „вотка тини“, раскажува Кудрјавцев. „Тој виде дека сум збунет па рече: „Знаете, порано сакав драј мартини, а сега поминав на вотка“. И јас веднаш сфатив дека сака вотка измешана со мартини. Така го добив својот прв бакшиш, првиот долар кој потоа го закачив на ѕид“.
Состојки на алкохолните коктели на ресторанот „Метропол“: вотка „Кристал“, минерална вода „Нарзан“, конзервиран ананас, лимон и сок од домати, 1983.
М. Анфингер/SputnikТие барови го добија називот „девизни“ затоа што гостите плаќаа во девизи. Кудрјавцев вели дека дури и во барот ги следеле агенти на КГБ, со кои обичните бармени морале да „соработуваат“.
„Кога гледам дека гостинот се подготвува да си оди, јас морам да му намигнам на агентот во цивилно одел кој стои до влезот во барот“, објаснува тој.
Бар во хотелот „Интурист“ во Ростов на Дон, 1973.
В. Козлов/SputnikНа обичните граѓани не им беше дозволен пристапот до такви места. Дури и на дипломатите им беше советувано да не наминуваат таму. Полицијата будно внимаваше на влезот во барот. Но, затоа се случуваше во барот „случајно“ да свратат советски проститутки. Кудрјавцев раскажува како странците често заминувале со нив, а тие девојки по „завршената работа“ имале разговор со правосудните органи.
Омилено место на советската интелигенција беше „Коктел-хол“, кој беше отворен уште во текот на 1940-тите. Ентериерот беше многу убаво уреден, со спирални скалила, столбови и скапи лустери. Зад шанкот работеа исклучиво жени. Служеа пунч, кафе со ликер, коктели и алкохолни пијалаци со овошје.
Коктел-хол
Archive photo„Ќе се седнеме пред шанкот на високо округло столче што се врти и смукаме со цевче некаков пунч од вишни, нешто меѓу овошна вотка и слатко вино, но многу повкусно и од едното и од другото. Можеби малку ќе ти се заврти во главата, но не можеш да се опиеш“, раскажуваше главниот уредник на издавачката куќа „Художественаја литература“ Александар Пузиков.
Меѓу гостите имаше дипломати, писатели, „советски шминкери“ (ексцентрично облечена младина), пензионирани офицери, па дури и војници од фронтот, меѓутоа сите мораа да носат вратоврска – тоа беше задолжителен дел на дрес-кодот. Многумина ставаа смешни вратоврски во боја, а некој дури ќе закачеше на вратот и чорапи на ластика.
Вистина, се зборува дека „Коктел-хол“ бил направен за во него да се демнат шпиони и луѓе со антисоветски сфаќања.
„Во времето на Сталин „Коктел-хол“ постоеше за да се откријат луѓе кои ги интересира Западот и подоцна на некое друго место да бидат ликвидирани. Тој принцип е нарушен кога по смртта на Сталин таму почнаа рации и веднаш сите престанаа да одат таму“, вели џез-музичарот Алексеј Козлов.
Ресторан „Праг“. Во салата на руската кујна.
С. Жабин/SputnikВистински луксуз беше ресторанот „Праг“ („Прага“) во центарот на Москва. Таму можеше да се испие оригинално чешко пиво, а љубителите на жестоките пијалаци имаа на располагање вотка, коњак и шампањ, како и обични вина, пишува „Вечерњаја Москва“ повикувајќи се на Иљја Кузнецов, познавач на историјата на Москва.
Салата на ресторанот „Арагви“, 1978.
Галина Кмит/SputnikВо текот на 1930-тите беше популарен и ресторанот „Арагви“. Тој беше познат по грузиските вина и гласовите за тајна сала во која московски доведувале убавици да ги задоволат потребите на членовите на Централниот комитет на Комунистичката партија на СССР. Исто така, се раскажуваше дека убавиците потоа исчезнувале без трага.
Летна бавча на кафулето „Лира“ на плоштадот „Пушкин“. СССР, Москва, 1 јули 1987.
Валентин Соболев/TASSЗа шизање и танц беше задолжен барот „Лира“ на плоштадот „Пушкин“. Таму имаше жива музика.
Кафе-бар „Шоколадница“ на плоштадот „Октомвриски“, Москва, 1968.
Вјачеслав Рунов/SputnikКако „завршница“ после неколку слични места служеше кафе-барот „Шоколадница“ во московскиот парк „Горки“. Особено жените сакаа таму да пијат ликер „Абрикосовиј“ (од кајсија) и порто „72“.
Обичниот советски граѓанин можеше да се напие некоја чашка во бифе (на руски „рјумочнаја“, место каде што се нудат силни алкохолни пијалаци – заб. на уред.). По Втората светска војна се појавија многу такви места, особено во Санкт Петербург.
Пивницата „Магазин № 32“, 1983.
Од архивата на Павел Сергеевич Сухарјов„На аголот на улицата „Мајаковски“ и улицата „Некрасов“ имаше еден таков, целиот никаков, полн со инвалиди без нозе. Мирисаше на некаква сирова овча кожа и постојано во него имаше некаков неред, врева и тепачки“, се сеќава подоцна писателот Валериј Попов.
Пивницата „Ладја“
Од лична архиваКон крајот на 1960-тите во СССР сé почесто беа отворани пивници, каде што секој можеше да влезе и да се напие по некоја. Една од најпознатите беше пивницата „Јама“. Модниот креатор Егор Зајцев вели дека во неа навраќале криминални елементи, поети, музичари и обични студенти. Немало столчиња, сите стоеле, но и покрај тоа пред шанкот се правеле редици затоа што немало место за сите заинтересирани.
Љубители на пиво со кригли, 1961-1969.
Всеволод Тарасевич/МАММ/МДФ„Таму имаше многу пријатна атмосфера. Луѓето пиеја пиво, јадеа морски ракчиња и разговараа за сé и сешто, меѓу другото и за музика. Имаше тука некаква романтика. Имаше некакви типови со тетоважа, бивши спортисти, пропаднати актери“, вели Зајцев.
Популарна беше и пивницата „Жигули“. Таму беше точено советското „Жигуљовско“ пиво, а со него беа нудени и варени ракови. Ова место во некоја рака беше еталон на советската, а потоа и на руската пивница. Пивницата „Жигули“ во 2012 година ја посети и претседателот на Русија Владимир Путин.
„Пивной зал“ (Пивница), 1975.
Валериј УсмановА имаше и киосци со пиво, и тоа ширум СССР-а. Како и за многу други намирници, и тука се чекаше во редици, а оние кои сакаа да поминат преку ред ги викавме „душмани“, раскажува Марк Готлиб, заменик-главен уредник на весникот „Новаја Сибир“.
Тоа пиво беше точено во стаклени тегли од три литри, па дури и во канистери од десет литри, а поединци го пиеја од обично кесе, откако претходно ќе направеа дупче во него.
Автомати со пиво.
Archive photoИ најпосле, во одделни барови имаше и автомати со пиво. Првин ќе се купеше жетон, ќе се ставеше во автоматот, ќе се свртеше рачката и криглата ќе се наполнеше до врв. Стручњакот за историја на Киров (955 км од Москва) Евгениј Пјатунин вели дека луѓето знаеле како можело да се добие тоа пиво бесплатно. „Во жетонот ќе се направеше дупче, ќе се врзеше за врпца и сето тоа ќе се премачкаше со сапун. Само ќе го ставиш, ќе почекаш и ќе го извлечеш. И така ќе пиеш колку што ти душа сака, додека „барменот“ што продава мезе не истрча и не ги избрка љубителите на бесплатно пиво“, напиша Пјатунин во својата книга „Трактат за пивото“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче