Николај Адамович / ТАСС
Пред револуцијата во Руската Империја се произведувале различни видови пива, главно според западните стандарди: Венское (Виена), Мјунхенское (Минхен), Пилсенер (Плзен), Баварское (Баварска), Клумбахское (Клумбах), Богемское (Бохемија). По 1917 година „буржоаските“ имиња за пивата се заменети со советски. На пример, Венское станало Жигулевское (Жигули), Пилснер – Руское, а Мјунхенское – Украинское.
Работници во московска пиварница, со капацитет од над 10.000 шишиња на дан, 1991. година. Извор: Генадиј Хамељанин/TAСС
Осум основни видови пиво, секое со различен процент алкохол, се произведувале во СССР: Жигулевское, Руское, Московское, Украинское, Ленинградское, Портер, Мартовское и Карамелное.
Конобарка во Гамбринус-бар,1967 година. Извор: РИА Новости
Во советските републики исто така се правеле посебни локални брендови, како на пример Бакинское специаљное (Баку), Ереванское темное, Минское, Ферганское и многу други. Вкупно над 350 вида пиво се произведувале во Советскиот Сојуз. „Секако многу брендови заемно се копирале“, објаснува Павел Егоров, автор на сајтот nubo.ru.
Во Советскиот Сојуз било достапно пиво во шишиња и точено пиво. Во шишиња обилно се пиело дома за викенд. Ако некој сакал да пие точено пиво, морал да го купи во киосците кои ги имало практично насекаде. Налето се служело ладно, а назима врело пиво. Советските граѓани можеле да купат пиво и на штандовите на уличните продавачи, слични на оние на кои се точел и квас.
СССР 1987. Извор: Николај Адамович. Иван Куртов/TАСС
Пивото главно се купувало наутро, бидејќи продажните пунктови затворале в втората половина од денот. Луѓето биле подготвени со садови со различни димензии и облици долго да стојат во редица за да добија свежо пиво. Додека стоеле во ред, луѓето обично грицкале сува риба.
Од филмот Покровски порти. Извор: Kinopoisk
Советските граѓани кои не сакале да пијат пиво на киоск, си го носеле дома. Со пивото обично се служел сув крап. Оние што сакале нешто појако во пивото додавале вотка. Мешавината на пиво и вотка била позната како Јорш (груб) коктел.
Ресторан Чајка, Ленинград 1990 година. Извор: Јуриј Белински/TAСС
Баровите во СССР започнале да се отвораат во седумдесеттите години од минатиот век. Самиот збор „бар“ бил иновативен, звучел некако западно. Во ваквите симпатични места се служело точено пиво, храна типична за барови, а оние кои имале среќа понекогаш можеле да нарачаат и американски цигари. За време на антиалкохолната кампања од средината на осумдесеттите години од минатиот век на баровите и понатаму им било дозволено да точат пиво, за кое се сметало дека е помало зло од вотката.
Баварско пиво произведено во руска пиварница. Извор: Владимир Веленгурин/TAСС
Кога постоеле само неколку вида пиво во земјата, тоа се продавало свежо со кус рок на употреба. Затоа локалните производители продавале пиво во градот, а некои брендови не било лесно да се најдат. Тешки времиња!
Пиварница во Краснодарскиот крај, 1 февруари 1991. Извор: Владимир Веленгурин/TAСС
Пиво во лименка речиси немало. Дури кон средината на седумдесеттите години, во пресрет на Олимпијадата во Москва, произведено е пивото Золотое кољцо (Златен прстен) во лименка. Но, со оглед на тоа дека металот бил мошне скап, производството на пиво во лименки по Олимпијадата било запрено.
Рудари со пиво,1977 година. Извор: Игор Костин/РИА Новости
Во Советскиот Сојуз можело да се купи пиво од „братските“ земји како што се Полска и Чехословачка, но во ограничени количества. Увозното пиво станало попристапно дури кога паднала „железната завеса“, а многу светски брендови почнале по лиценца да се произведуваат во руските пиварници. Сепак, Жигулевское и понатаму останува најпопуларно пиво во Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче