(1)
Запознајте ги јакутските коњи, масивни и набиени, со непослушна грива. Не се плашат ни од најлутиот студ.

Maarten Takens
(2)
Научниците сметаат дека овој вид коњи постои илјадници години, но официјално е признат дури кон крајот на 1980-тите. Се смета дека тоа се потомци на древните првобитни коњи кои дошле ваму од Азија и го промениле изгледот, прилагодувајќи се на посуровите климатски услови.

Максим Унаров (CC BY-SA 3.0)
Денес во Јакутија постојат три подвидови: северниот оригинален коњ (таканаречен Верхојански коњ, по едно од најстудените места на планетата), јужниот коњ, кој е малку помал, и јужниот крупен тип, добиен со вкрстување со други видови.
Иља Варламов (CC BY-SA 4.0)
(3)
Јакутскиот коњ е во просек висок само 140-145 см, но е тежок околу половина тон.
Андреј Голованов / TASS
Првенствено се смеѓи и сиви, додека другите нијанси се далеку поретки. По природа се дружељубиви, мирни и љубопитни. Добро трчаат по нерамен терен.
Иља Варламов (CC BY-SA 4.0)
(4)
Климата во Јакутија е остра континентална. Во текот на летото температурата се искачува до +35 степени, а зиме се спушта до -50 степени Целзиусови. На северот на овој регион, во Верхојанск и Ојмјакон, забележани се температури око -70 степени Целзиусови. Но, јакутските коњи не го доживуваат тоа како проблем. Имаа густо подвлакно и можат да престојуваат на отворено дури и на најлут мраз. Во постудените доба на годината добиваат нов „слој“ заштита во вид на иње и не се смрзнуваат. Дури и ждребе може да преноќи под отворено небо. Многу бргу прават наслаги на поткожно сало.
Legion Media
(5)
Јакутските коњи се одгледуваат во фарми за одгледување на коњи, но се потполно самостојни. На пример, самите наоѓаат храна во снег длабок еден метар и ја ископуваат со копитата.
Legion Media
(6)
На север е тешко да се замисли животот без овие коњи. Далеку од градовите, каде што нема патишта, тие им служат на локалните жители како главно превозно средство. Тамо каде што и џипот лесно заглавува во снегот, јавачот со уживање може да помине со овој коњ.
Legion Media
(7)
На јакутските одгледувачи на ирваси овие коњи им служат за јавање. И покрај големата маса, тие брзо трчаат дури и по длабок снег и беспаќе. Се користат и за влечење. Јакутскиот коњ за 24 часа може да помине 100 км и да влече 300 кг товар. Обичај е пред долгиот пат низ тундрата коњот цел ден да не јаде, за да изгуби малку на тежина и побрзо да трча.
Анатолиј Кузјарин / TASS
(8)
Јакутските коњи се долговечни. Можат да работат по 25-27 години, додека останатите видови во просек работат дваесет години.
Legion Media
(9)
Мештаните го прават од коњското млеко националниот ферментиран напиток „кумис“.
Валериј Шустов / Sputnik
(10)
Се смета дека овој вид е автохтон и може да живее само во северните краишта. Потопла или јужна клима воопшто не им одговара. Овој коњ може да се сретне само во Јакутија и на Далечниот Исток.
Legion Media