Фјодор Емелјаненко ја завршува кариерата со борба во Москва

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Следниот меч на „Последниот император“ може да биде одржан кон крајот на 2020 година.

Рускиот ММА-борец Фјодор Емелјаненко може да ја заврши кариерата со борба во Москва, на турнирот на организацијата „Белатор“. Ова за агенцијата ТАСС го изјави претседателот на „Белатор“ Скот Кокер.

„Да, ние планираме Фјодор да го реализира својот последен меч во Москва“, рече Кокер.

Како што претходно соопшти ТАСС, следната борба на Фјодор Емелјаненко може да биде одржана кон крајот на 2020 година. Противникот може да биде Фабрисио Вердум.

Познатиот 43-годишен Русин во својата кариера забележа 39 победи и шест порази, а еден меч беше прекинат.