Како се градеше Главниот храм на руската војска: 600 дена за 4 минути (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Од денот кога на Путин му беше претставена макетата на идниот храм на Вооружените сили на РФ, или храмот на Победата, како што уште го нарекуваат, до неговото отворање.

Сé што е поврзано со овој храм е нанижано со симболи посветени на страшното и славно доба на Големата патриотска војна против нацистите, јунаците паднати на бојното поле и на сите воени ветерани.  

Главниот храм на Вооружените сили на РФ, кој се наоѓа во подмосковскиот парк на културата „Патриот, е изграден во монументален руско-византиски стил. Висок е заедно со крстот 95 метри.

Изградбата на храмот е финансирана со донирање на парични средства од припадници на руската војска, членови на нивните семејства, како и од заинтересирани граѓани и организации.