Русите летово ќе одат на плажа со две лекарски потврди

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Едната е за негативен тест на Ковид-19, а другата за епидемиолошката ситуација во местото на живеење. Без тие потврди летово не може да се оди на Црното море.

Во одморалиштата во Краснодарскиот крај Русите летово ќе можат да престојуваат со две потврди.

На црноморскиот брег на Краснодарскиот крај плажите се отворени од 6 јуни. Извршната директорка на Асоцијацијата на туристичките агенции на Русија Маја Ломиѕе им соопшти на граѓаните на Русија што ќе им биде потребно доколку сакаат да летуваат во овој крај.

„Задолжително понесете потврди. Потребно е да се направат анализи и тестирања“, истакна Ломиѕе.

Според неа, едната е потврда за негативен тест на Ковид-19, а другата за епидемиолошката ситуација во местото на живеење.

За добивање на втората потврда потребно е да се повика локалниот здравствен дом или кол-центарот на Федералната инспекција за заштита на правата на потрошувачите и доброто на човекот „Роспотребнадзор“ во регионот. Потврдите се добиваат бесплатно“, пишува „Росијскаја газета”.

Претходно Ломиѕе кажа и кога граѓаните на Русија ќе можат да одат на одмор во странство. Според неа, се очекува тоа да биде на почетокот на есента.

Прочитајте повеќе: Русија ги отвара границите за одење во странство за работа, школување и лекување