Русија ги отвара границите за одење во странство за работа, школување и лекување

Александр Крјажев/Sputnik
Русите ќе можат да патуваат во странство заради лекување, работа, школување, грижа за роднини, рече премиерот Михаил Мишустин на седницата на претседателството на координативниот совет за борба против новиот коронавирус.

Странците, исто така, ќе имаат можност за влегување во Русија од здравствени причини, додаде тој. Соодветните укази се веќе потпишани.

Како што наведе Мишустин, подобрувањето на ситуацијата во врска со ширењето на вирусната инфекција Ковид-19 овозможи да се преиспитаат ограничувањата околу влегувањето и излегувањето од земјата, воведени во март.

„За многу луѓе е многу важно во овој момент да бидат во нашата земја, за да, да речеме, им помогнат на болни роднини. Други, напротив, имаат силни причини за заминување од земјата“, рече Мишустин.

Премиерот истакна дека до владата пристигнуваат голем број обраќања во врска со настанатата ситуација и дека е одлучено да се изменат претходно воведените ограничувања.

Русија ги затвори своите граници откако Светската здравствена организација објави пандемија на новиот коронавирус. Во овој момент се регистрирани 476658 случаи на зараза од Ковид-19, преку 230 илјади луѓе оздравеа, додека 5971 лице ја изгуби животната битка. Според мислењето на стручњаците, кулминацијата на заразата помина, властите постепено ги укинуваат претходно воведените ограничувања.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња