Италијанскиот пејач Пупо ѝ се заблагодари на Русија со позната руска песна (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Италијанскиот пејач Енцо Гинаци кој настапува под псевдонимот Пупо, ја отпеа во домашни услови руската песна „Постои само миг“ („Есть только миг“) и ѝ се заблагодари на Русија за помошта што ѝ ја даде на Италија.

„Сакав да им се заблагодарам на руските пријатели и браќа за огромната помош што ѝ ја давате на мојата Италија и нам Италијанците во овие тешки моменти. Бев убеден дека руските браќа нема да ни свртат грб во неволја. Благодарам од Пупо и од цела Италија“, рече музичарот во видеото објавено на „Јутјуб“ на каналот „Авторадио“.

Пупо по обраќањето ја отпеа песната „Постои само миг“ на руски јазик во придружба на клавир.

Претходно во Италија во која дивее коронавирусот пристигнаа 15 авиони со руска дијагностичка опрема и станици за дезинфекција, како и околу 100 руски воени виролози и стручњаци во областа на епидемиологијата, како и осум екипи медицински техничари.

Руските воени стручњаци извршија дезинфекција на домот „Мартино Занки“ во предградието на Бергамо и домот за стари лица „Каса Рипозо“ во италијанската провинција Ломбардија.