Путин кажа кога се очекува дека Русија ќе го победи коронавирусот

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На состанок со претприемачите рускиот претседател изрази надеж дека за совладување на коронавирусот ќе биде потребно помалку од два-три месеца.

За победа над инфекцијата на коронавирусот COVID-19 на Русија веројатно ќе ѝ бидат потребни помалку од три месеци, изјави во Ново-Огарево на состанокот со претставници на претприемачите претседателот на Русија Владимир Путин.

„Сигурно ќе излеземе од оваа ситуација и се надевам дури и порано отколку што рековте“, изјави Путин, одговарајќи на зборовите на еден од учесниците во состанокот за тоа дека за „пресметка“ со вирусот ќе бидат потребни два-три месеци.

Оваа процена на соговорникот Путин ја нарече „добра прогноза“, истакнувајќи дека „во некои земји“ велат дека борбата со коронавирусот ќе биде многу долга.

Вчера, на 25 март, во телевизиско обраќање Путин ги повика руските граѓани да не се потпираат на руското „можеби ќе биде добро“.