Путин до нацијата: Во Русија неработна недела, нови мерки за поддршка на граѓаните и бизнисот

Обраќање на претседателот на Русија Владимир Путин, 25.03.2020.

Обраќање на претседателот на Русија Владимир Путин, 25.03.2020.

Алексеј Дружинин/Sputnik/Kremlin via REUTERS
Рускиот претседател соопшти дека Русија мошне успешно го задржува ширењето на болеста, но ги повика граѓаните на внимаваат на своето здравје и предложи цела низа мерки чија цел е давање поддршка на граѓаните.

Според зборовите на Путин, Русија благодарение на навремените мерки успеала да го задржи „масовното и молневито“ ширење на болеста, но е невозможно целосно да се блокира земјата и да се спречи продорот на вирусот.  

Путин им се заблагодари на медицинските работници и научниците за самопрегорната работа и ги повика граѓаните да им посветат максимално внимание на нивните препораки за да не се допушти ситуацијата до која дојде во низа други земји.

Неочекувана вест беше одлуката на Путин следната недела да биде неработна за сите граѓани на Русија со исклучок на органите на власта, без намалување на платата. Според рускиот претседател, тоа е неопходно за да се задржи ширењето на вирусот.

Претседателот на РФ зборуваше и за економските мерки за давање поддршка на населението, како и на малиот и средниот бизнис. Тие мерки се однесуваат на автоматско продолжување на социјалните давачки и материјалната месечна поддршка на семејствата со деца, утврдување на компензација за време на боледување, одложување на даночните обврски за малиот и среден бизнис како и привремено запирање на сервисирањата на кредитите во ситуација кого приходите се помали. Претседателот повика да им се даде поддршка на граѓаните кои се во опасност да останат без работа во низа сектори на руската економија. Државата не смее да дозволи пад на пазарот на труд, рече Путин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња