Местото на последната битка на рускиот пилот го пронајде шефот на борот на Серуската државна телевизиска и радио компанија (ВГТРК) за Блискиот Исток и Северна Африку Евгениј Подубни. Потрагата беше отежната од сложениот релјеф на теренот.
„Издвоивме кадар од снимката што ја објавија терористите и со таа слика го споредивме секој камен, секое дрво, а ги има илјадници“, рече Подубни.
Оваа територија ја ослободија војниците и офицерите на 25 бригада на сириските Вооружени сили, а таа е оддалечена околу седум километри од првите борбени линии.
„Се надеваме дека во најскоро време на местото на загинувањето на Херојот на Русија ќе биде подигнат крст со споменик“, додаде Подубни.
Руски јуришен авион Су-25, наменет за поддршка на копнените сили, беше соборен од рачен ракетен фрлач на подрачјето на Идлиб. Пилотот Роман Филипов загина во битката. Посмртно му беше доделено звањето Херој на Русија.
Одговорноста за нападот ја презеде забранетата во Русија терористичка организација „Џебхат ел Нусра”. Во возвратен напад беа ликвидирани преку 30 терористи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче