Руски научник прогнозира кога ќе биде запрена епидемијата на коронавирусот

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Како што наведува тој, во Кина, откако епидемијата го достигна врвот, по втори февруари таа почнала да опаѓа.

Ширењето на коронавирусот во светот би можело да биде запрено до средината на летото, изјави раководителот на одделението за експериментално моделирање и патогенеза на инфективни болести на истражувачкиот Центар за фундаментална и транслациона медицина Александар Шестопалов. Според него, пандемијата ќе биде завршена некаде во јуни или јули.

Рускиот научник верува дека во овој момент ситуацијата со заразата со коронавирусот може да се опише како „отприлика педесет отсто паника“. Потпирајќи се на податоците за заболувањето и смртноста, Шестопалов наведува дека вирусот што го предизвикува COVID-19 е десет до петнаесет отсто помалку патоген од коронавирусите кои ја предизвикаа епидемијата на атипично запаление на белите дробови САРС 2002-2003 година и на блискоисточниот респираторен синдром 2012-2015 година. Тој додава дека од туберкулоза секојдневно умираат исто толку луѓе колку што настрадаа од почетокот на епидемијата COVID-19 до денес.

Шестопалов вели дека коронавируси отсекогаш имало, но дека во овој момент пораснало нивото на дијагностика и затоа почесто се откриваат. „Генерално мерките што се применуваат против ширењето на болестите се соодветни, иако понекогаш и прекумерни“, изјави Шестопалов.