Се преземаат мерки за заштита на претседателот на Русија Владимир Путин од коронавирусот, се прави сé што е неопходно, рече официјалниот претставник на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости”.
Според него, шефот на руската држава се штити по пат на обични хигиенски мерки кои им се достапни на сите граѓани.
Портпаролот на шефот на руската држава притоа не се согласи со тврдењето дека ситуацијата со оваа болест во Москва е отежната.
На 1 март Владимир Путин изјави дека ситуацијата со коронавирусот во земјата е генерално под контрола. Според неговите зборови, властите ги преземаат сите неопходни мерки со цел спречување на ширење на инфекцијата. Според најновите податоци, во светот со новиот тип коронавирус се заразени 90 илјади луѓе, а преку три илјади починаа. Случаи на инфекција, освен во Кина, се забележани во повеќе од 60 земји. Во Русија се познати шест случаи на инфекција.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче